Во духот на солидарност и поддршка за онколошките пациенти, Здружението ЕЗРА и Бифе Тафталиџе организираат посебен настан под мотото „Мало дело, голема инспирација.“
Се повикуваат граѓаните на 16 ноември вo 12 часот, да донесат книга во Бифе Тафталиџе и воедно да напишат кратка мотивациска порака. За ова мало дело, секој ќе добиете бесплатно кафе.
„Сите собрани книги ќе бидат донирани на Онкологија, каде што ќе ја збогатиме библиотеката со „Книги на надеж“ - место каде што пациентите ќе можат да пронајдат утеха, сила и мотивација во зборовите на оние кои сакаат да им дадат поддршка. Придружете ни се и бидете дел од иницијативата која носи топлина, охрабрување и солидарност“, се вели во соопштението.