Малку ни е - Никој ништо не работи, а сите в кафеана!

Откако македонските граѓани подолго време сведочат за „изгор“ цените и „профитерството“ на преработувачите и препродавачите, на социјалните мрежи се појави група „Земјоделние мк“ каде може да порачате домашни производи по пониски цени. 

Во групата се нуди млеко, млечни производи, мед, зеленчук, овошје...

Она што предизвика посебно внимание е ставот на една членка која упати освестувачка порака. 

Ова е нејзниот став во целост: 

Литар млеко 70 ден!

Кашкавал 700 ден!

Месо 500 ден!

Малку еее!

Треба уште повеќе!

Нивите ги заборавивме, стока никој не чува, тепсиите, сукалките, тенџерињата се луксуз в кујна!

Манџа, грав, пециво, леб месен!

Уф, Бог да чува - кичерај!

Ете затоа!

Што никој ништо не работи, а сите в кафеана!

Машко, женско, младо и старо!

Интернетот се усфити, телефоните горат а празните ѕидови дома молчат!

Сите сме селфи со насмевки изглумени!

За Оскар уште малку ќе стасаме!

Порано мирисаше на лепешки, прашина и кал но сите бевме среќни, сите бевме исто!

Сега мириса на парфем, лицемерие и злоба ! Имаше вирус и тој сиротиот се откажа од нас вакви какви што сме!

Еден ден ќе гледаме празни рафтови, празни улици и празни срца !

И не ни треба војна!

Ќе ни убие тишината и тагата!

Малку е за нас бидејќи ... на тој што работи , му се смеат!

На тој што ја копа нивата, му завидуваат место да му помогнат!

На тој што учи, му се чудат, бил глуп!

На тој што создава, му лицемерат!

И знаете кој е најопасниот вирус?

Користа, лицемерието, зависта и лагата!

Од нив и чумата бега, а ние сме опседнати!