Mалку е потребно за среќа, а ова е рецептот

Не чинат многу, а вредат богатство. Немаат многу состојки во себе, а го имаат најслаткиот вкус на целиот свет.

Многу малку е потребно за среќа, а ова е рецептот:

  • 1 пакување путер од кикирики (тие се околу 200 грама)
  • пола чаша мед
  • 3 чаши овесни снегулки
Стопете го путерот од кикирики со медот, на средна температура. Додадете ги овесните снегулни да се соединат со смесата.

Ставете во тавче и оставете го во фрижидер 2-3 часа за целото да се стврдне.

Потоа исечете коцки во посакуваните димензии, декорирајте го по желба и уживајте.