Малите сувенири од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстранети

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, најави дека малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстраните од музејските институции и од сувенирниците.

Оваа акција, како што рече, тој ќе биде добро обмислена.

Министерот изјави дека елаборатите за спомениците од проектот се предадени до СЈО и до Јавното обвинителство.

- Како Министерство нашата надлежност завршува со тоа што ние елаборатите понатаму ги доставуваме до соодветните државни институции. Сега им е оставено на структурите во Министерството, односно и на поранешната министерка да се произнесат по однос на тоа. Ние работите и од аспект на законска и административна процедура ги завршуваме. Во оној момент кога ќе ги завршиме останува да се види понатамошната судбина, односно реализација – додаде Алаѓозовски. 

Појасни дека за многу од спомениците надлежна е општината Центар во однос на евентуално нивно остранување, преместување или други работи.