Малиот Принц: Цитати за розата, пријателството, љубовта, возрасните...

„Малиот принц“ е најпознатиот роман на францускиот писател Антоан де Сент-Егзипери. Иако се класифицира како детска книга, романот дефинитивно треба да го читаат и возрасните. Читајќи ја книгата „Малиот Принц“ ние учиме многу за животот, убавината на пријателството, сфаќаме дека не треба да се препуштиме на секојдневната рутина, туку да уживаме во својот живот и неговите секојдневни радости. Токму поради тоа, луѓето го обожаваат овој роман, кој ги враќа во детството, времиња кога бевме безгрижни и среќни. 

Во продолжение прочитајте неколку прекрасни мисли од книгата и уживајте!

  • „Таа не сакаше да ја види како плаче. Тоа беше многу горделива роза“.

  • „Времето кое си го вложил во својата роза ја прави таа роза толку значајна.“

  • „Сите возрасни прво биле деца. Но, малкумина меѓу нив си спомнуваат за тоа.“

  • „Еден ден видов како сонцето заоѓа четириесет и три пати!
    А малку подоцна додаде:
    - Знаеш... кога човек е многу тажен, го сака заоѓањето на сонцето...
    - Значи оној ден со четириесет и трите залези ти си бил толку многу тажен:
    Малиот принц не одговори.“

  • „Тогаш не умеев ништо да разберам! Требаше за неа да донесам суд според делата, a не според зборовите. Таа го распосла нејзиниот мирис и сјај врз мене... Никогаш не требаше да побегнам од неа. Требаше да ја насетам нејзината нежност зад тие кутри лукавства. Цвеќињата се толку противречни! Но, бев премногу млад за да знам да ја сакам.“

  • „Тогаш ќе се судиш самиот себеси – му одговорил кралот. Тоа е најтешко. Зашто многу потешко е да си судиш сам на себе отколку на друг. Ако успееш добро да си пресудиш себеси, тоа значи дека си вистински мудрец.“

  • „Каде се луѓето? – најпосле пак прашал малиот принц. – Се чувствувам малку осамен во пустината...
    - Можеш да бидеш осамен и меѓу луѓето – рекла змијата.

  • „Зборувањето е извор на недоразбирања.“

  • „Еве ја сега мојата тајна. Многу е едноставна: човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“

  • „Возрасните се многу чудни.“