Мали промени за подобро кардиоваскуларно здравје

Здравјето на нашето срце влијае на секој дел од нашето тело.

Photo by CDC on Unsplash

Некогаш потребни се само мали промени за да направиме огромна разлика во заштитата на нашето срце и превенцијата на кардиоваскуларни заболувања. 

Голем дел од луѓето работат во текот на целиот живот, а кога се подготвени да се пензионираат, тогаш за нив се јавуваат проблеми и болести.

Целта не е да бидеме исплашени од она што доаѓа, туку да внимаваме на нашите навики. Февруари е месец посветен на кардиоваскуларното здравје во САД, но тоа не значи дека треба да се грижиме за нешто здравје само во еден месец, или пак дека тоа треба да е навика само на луѓето кои живеат таму.

Ова се неколку навики кои можеме да ги подобриме во нашето секојдневие.

Заменете го појадокот со поздрава верзија

Често постои дискусија дека појадокот е најважниот оброк во денот, но тоа не значи дека тој треба да биде богат со храна која влијае негативно на нашето здравје. Наместо тоа, можеме да воведеме неколку промени. Докторите посочуваат дека премногу шеќер влијае на зголемување на ризикот од различни заболувања, а дополнително црвеното место е уште еден ризик плус на листата фактори. 

Затоа, следете го својот биолошки часовник. Јадете кога сте гладни и потрудете се свесно да ги избирате состојките во оброкот. Додадете храна која е богата со омега 3 масни киселини и антиоксиданси, кои се големи чувари на кардиоваскуларното здравје. Консумирајте целозрнест леб, ореви, јогурт и боровинки.  Наместо  тешка храна, изберете овесни снегулки или пак омлет. 

Наместо сирење и кашкавал, изберете ореви, риба и авокадо

Млечните производи знаат да бидат голем извор на масти, а доколку не сме внимателни, ваквиот начин на исхрана може да направи големи проблеми во нашата исхрана. Додека е во ред да јадеме сирење и кашкавал како мезе или неколку пати во месецот, потрудете се во исхраната да додадете јаткасти плодови и риба која содржи омега 3 масни киселини и кои го подобруваат добриот холестерол, а авокадото не е лош избор, ако можете да си го дозволите.

Photo by CDC on Unsplash

Потрудете се редовно да пешачите

Според докторите, редовната прошетка го штити нашето срце, а за тоа се доволни барем 20-тина минути во текот на денот. Не мораме да вежбаме многу, да одиме во теретана или пак да избираме специфични вежби кои можеби не ни одговараат, доволна е прошетката во нашето маало.

Намалете ја преработената храна

Иако сите сакаме чипс, соленки и друг вид на преработена храна, не дозволувајте тоа да ви биде редовна навика. Наместо тоа, потрудете се да внесете овошје и зеленчук во редовната исхрана, состојки кои не само што ќе го заштитат вашето срце, туку и ќе ви дадат енергија. 

Спијте доволно

Докторите посочуваат дека сонот е исто така важен за нашето кардиоваскуларно здравје. Затоа, потрудете се да спиете барем седум часа во текот на ноќта. Никогаш не заборавајте на значењето на квалитетниот сон.