Мали нешта за кои се нервираме, а нема да ни значат ништо за 10 години

Многу често дозволуваме малите нешта од нашето секојдневие да влијаат негативно на нас и да ни ги затворат очите пред убавината на секој ден. Заглавуваме во своите глави, мислејќи дека не знаеме што да правиме со нашиот живот кога нештата не се одвиваат така како што сме зацртале. Често знаеме да кажеме „Животот не е фер!“

Често зборуваме многу за работи кои не ни значат премногу. Драматизираме околу мали нешта и се заглавувавме во некој црн круг кој трае со денови и прави да се чувствуваме тажно и немоќно. Но, како што созреваме, сфаќаме дека не ни е потребен тој хаос и драма во нашиот живот.

Ова се неколку мали нешта за кои денес се нервираме, но кои нема да ни значат воопшто по десет години.

  1. Неизбежните фрустрации што ги носи еден просечен ден – 99% од тоа што ни создава проблеми во текот на денот нема воопшто да биде важно по неколку денови или месеци. Затоа направете се што можете да ги избегнете таквите бесмислесни и негативни мисли и да се фокусирате на тоа што е важно.
  2. Малите неуспеси  - кога поставуваме цели и правиме калкулации во нашата глава, често пати сфаќаме дека понекогаш успеваме, а понекогаш не. Сепак, често се случува да ги занемариме успесите, а да се замараме премногу за тоа што го нарекуваме неуспех.
  3. Колку совршени треба да бидат нештата – разбирањето на разликата меѓу подобрувањето и обидот нештата да бидат совршени е еден од најважните чекори кон среќата. Желбата да се биде совршен предизвикува непотребен стрес и нервоза кои само го расипуваат нашето расположение.
  4. Потребата да се биде целосно сигурен во сите нешта – самодовербата е добра бидејќи ни овозможува подобро да се соочиме со нештата во нашиот живот, но доколку мислиме дека треба да сме целосно сигурни пред да преземеме нешто, тогаш ќе пропуштиме многу важни шанси во животот. На тој начин, ќе ја пропуштиме и сета среќа која можеме да ја имаме.
  5. Да се биде онлајн активист за добра причина – социјалните мрежи се важни во денешното функционирање, но активизмот кој постои само на нив нема да значи ништо за 10 години. Важно е да делуваме и надвор од интернет просторот и да направиме добри дела за луѓето и настрана од добрите мисли кои ги ставаме на фејсбук. Истото значи и за самите нас, за сите мотивациски мисли и статуси.
  6. Постојано планирање на нештата – не го затрупувајте својот живот со многу планови. Оставете малку простор за спонтаност. Со текот на времето ќе научите дека непланираните нешта се многу подобри од каењето што го имате кога планираните нема да успеат или да излезат така како што сте ги замислиле.
  7. Потребата да се контролира се околу нас – колку повеќе созреваме, толку повеќе сфаќаме колку малку имаме под контрола. Не постои добра причина зошто да се оптеретувате себеси со нешта кои никогаш нема да можете да ги контролирате. Научете да уживате во патувањето, да и верувате на интуицијата и универзумот и да оставите нештата да се случуваат самите од себеси.
  8. Обвинувањето на другите –дали некогаш сте сретнале среќна личност која постојано го вперува прстот во другите? Среќните луѓе преземаат одговорност за својот живот. Тие веруваат дека среќата е резултат на нивните верувања, ставови и однесување, но и карактер.
  9. Постојаната потреба да бидеме прифатени и сакани од другите – силата која ја имаме зависи од љубовта на нашите блиски, но не од сите луѓе околу нас. Колку и да се трудиме, какви и да сме, никогаш нема да можеме да бидеме сакани од сите луѓе околу нас.
  10. Желбата секогаш да сме победници – многу малку нешта на светот се важни за да се расправаме за нив со луѓето кои ги сакаме. Немојте да ја дефинирате својата интелигенција и вредност по тоа колку дебати сте успеале да победите и во колку конфликти сте излегле како победник. Понекогаш треба тивко да си кажете себеси дека тоа не вреди воопшто за да внесувате непотребна енергија.