Мали навики за среќа во текот на зимата

Среќата е избор. Тоа е избор кој мораме да го правиме секој ден, а кој зависи и од нашите зборови и дела.

Многумина не би се согласиле со ова, би рекле дека не можеме да бидеме среќни кога се соочуваме со лоши услови, а моменталната пандемија за многумина е пречка да се чувствуваат среќно и исполнето. Се согласуваме. 

Но, постојат мали навики со кои можеме да си помогнеме да се чувствуваме барем малку подобро. Ова се само 10 од нив.

  1. Благодарност за тоа што го имаме
  2. Нашата омилена музика
  3. Омилениот зимски филм од детството
  4. Шолја кафе или какао со саканите
  5. Телефонски разговор со нашите пријатели од детството
  6. Прошетка во природа
  7. Миризлива свеќа во собата која минуваме време
  8. Гушкање со нашето домашно милениче
  9. Смешни видеа со животни
  10. Јога и медитација