Малата плата е опасна за срцето

Луѓето со ниски примања се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок, со што се зголемуваат шансите за развој на здравствени проблеми како срцеви заболувања и инфаркт.

Научниците истражувале податоци за здравјето на пет илјади луѓе на возраст меѓу 25 и 65 години. На почетокот на истражувањето тие имале низок крвен притисок и немале проблем со срцето. Истражувањето траеше шест години.

Во овој период стручњаците утврдиле дека кај луѓето со ниски примања е зголемено нивото на крвен притисок. Особено се изразени срцевите проблеми кај жените на возраст меѓу 25 и 44 години.

Луѓето со ниски примања се повеќе склони на стрес, што го зголемува ризикот од проблеми. Еден начин за ублажување на непријатните симптоми е долгиот сон меѓу 7 и 8 часа.

Истражувачите советуваат луѓето со низок личен доход да слушаат класична музика и да јадат банани што се богати со калиум.