Мала приказна за љубовта...

Да љубиш не значи да водиш љубов или да бидеш добар кон својот сопружник или трпеливо да го воспитуваш своето дете или да го водиш внукот во парк. Ова се гестови кои произлегуваат од љубовта, но не се дефиниција за љубов. Да сакаш значи да бидеш свесен за се околу себе. Да сакаш значи искрено да се заљубиш во својот живот и идејата за животот.

Љубовта значи да ги сакаш сите луѓе и да го цениш нивното постоење, колку и да е тоа тешко или нелогично понекогаш. Да сакаш значи да им обврнуваш внимание на животните и природата околу себе и да ги чуваме како што ги чуваме своите домови и личните работи во нив. Да сакаш значи да ја сфатиш целта на сите наши проблеми, искушенија, немили настани.

Љубовта значи да бидеш свесен за се што имаш, за се што си постигнал. Љубовта е фокус на животот и обидот да се сфати што тој значи и зошто сме го добиле како подарок. Човекот кој е искрено благодарен за својот живот, ќе засака се што ќе влезе во неговиот живот - и добро и лошо.

А зошто ви го пишувам сето ова? Преку ова писмо ви ја нудам својата искрена љубов, со надеж дека кога ќе сфатите како таа функционира, ќе го искористите тоа знаење за своето најголемо добро.

Кога во потполност ќе сфатите што е љубовта: безгранична, огромна сила која во вашиот живот може со невидена леснотија да привлече се она на што сте фокусирани – ви останува само секој буден момент да го живеете барајќи уште нешто повеќе за сакање. А се може да се сака.

Се што го наоѓа својот пат до постоењето е вредно за љубов и длабоко во себе носи љубов. Дури и она од коешто бегате ве брка за да ве научи на нешто и на тој начин ја дава својата љубов. Дури и оние луѓе од кои ви се крева косата на глава се тука за да ви дадат некаква лекција. И одамна заборавените настани кои ги гледате и носите во вашата душа со презир... кога само би се замислиле, ќе сфатите и дека и тие носат мудрост, знаење и љубов.

Вредно е да се запомни фактот дека она на коешто обвнувате внимание секогаш го наоѓа патот до вашата реалност – и доброто и лошото. Но, ако својот фокус го оплемените со чувства и мисли полни со љубов, ќе создадете привлечна сила која е неоддолива, неуништлива и непогрешлива.

Гледајте само во она коешто го сакате. Слушајте го она коешто ви се допаѓа и ве исполнува. Зборувајте само за она кое ви ја исполнува душата и срцето.

Наместо синхронизирани серии, на своите очи понудете им книга. Наместо вести, природа. Наместо критики, поддршка. Тоа е љубовта. Се останато е неуспешен обид за живеење.