Македонскиот теквондист Максим Арсовски освои златен медал на Европските мулти-игри, кои од 10 до 13 септември се одржуваат во Ниш, Србија.

Арсовски, член на Теквондо клубот „Штип“, стигна до највисокото место на пиедесталот со две убедливи победи. Во полуфиналето го совлада претставникот на Србија со 2:0, а во финалето беше подобар од натпреварувач од Турција, исто така со резултат 2:0.
Од Теквондо клубот „Штип“ информираат дека на натпреварувањето во Ниш ќе настапат и Антонио Арсовски, Душица Бреслиева и Паола Арсовска.
На Европските мулти-игри годинава учествуваат 1.967 натпреварувачи од 536 клубови, со поддршка од 507 тренери. Во Ниш се собрани спортисти, тренери и делегации од бројни европски и други земји, што го прави турнирот едно од позначајните меѓународни натпреварувања во теквондо во овој период.