Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со загадувањето, Јани Макрадули, најави дека станува збор за план во рамки на кој ќе бидат преземени низа активности.

Тој очекува со овој план загадувањето да се намали за 50 проценти.

Тој наведе дека досега се обезбедени 98 милиони денари од буџетот, но дека очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе планот – како на пример од Шведска, Јапонија и САД. Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.

,,Не сакам да лицитирам”, рече Макрадули, но спомена дека шведската агенција СИДА треба да издвои 2,5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици што не функциониираат и да се обноват другите.