Јани Макрадули од СДСМ во гостувањето на „Дејли Клик“ на ТВ21 вели дека изјавите на Петре Шилегов за состојбите во партијата не му помогнаат на СДСМ. Тој додава дека секоја дебата е добредојдена и дека истата треба да се прави во рамки на паријата.
„За разлика од мене, Шилегов е дел од структурите последни на СДСМ како дел од извршниот одбор, каде што претпоставувам дека имало простор тие теми да се зборуваат. Таквите изјави не помагаат во овој момент, за дебата секако сум за, за широки и долги дебати и за размена на дебати, но социјалните мрежи не треба да биде место каде што ќе се каже нешто што не е добро за хомогеноста на партијата. Не треба да правиме поделба, напротив СДСМ е партија која е присутна низ целата држава“, рече Макрадули.