„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи дека отсега може да нарачуваат и купуваат екстра лесно масло за домаќинство EL-1 преку онлајн платформата на компанијата достапна на следниот линк.

Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот.

Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Продажбата оваа година се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство според местото на живеење потрошувачите можат да најдат на следниот линк.