Македонското здравство со бугарска помош ќе ги имплементира европските стандарди

Министерот за здравство, Венко Филипче, оствари работна посета на Република Бугарија каде што се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

Како што информираат од Министерството, на средбата било потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседателствувањето со Европскиот совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока на имплементирање европски стандарди во македонскиот здравствен систем.

Исто така, договорено било во рамките на Министерството за здравство да се формира работна група, која интензивно ќе работи на имплементација на европските стандарди со можност за добивање експертска помош од Република Бугарија за унапредување повеќе сегменти од здравствениот систем во согласност со стандардите на ЕУ.