Македонското традиционално макало се најде на првото место на листата најпопуларни и најдобри намази во светот, објавена од специјализираниот веб сајт Taste Atlas.
Најосновниот вид макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински оцет, млака вода и сол, кои се додаваат во дрвен сад и убаво се мешаат. Во ова јадење често се додаваат сув црвен пипер, сечкан магдонос, лути пиперки, ореви, млеко или јогурт.
Постојат различни макала кои може да вклучуваат печени лути пиперки, модар патлиџан, зелени домати, свежи или печени црвени домати или варени компири. Макало може да се послужи како сос или како предјадење, во зависност од состојките што се користат, а најчесто се јаде со многу леб и сирење и е одличен додаток на месо на скара.
Според Taste Atlas, македонското макало во моментов е најдобриот намаз во светот. На второ место е либанскиот мутабал, на теето мексиканското гвакамоле, потоа е рангиран хумусот, а на петто е грчкото ѕаѕики.