Македонско кредитно биро ви озможува постојан увид во вашата финансиска состојба

Основна функција на кредитното биро е да врши собирање и обработување на податоци за обврските на субјектите на податоци со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на правните и физичките лица.

МКБ управува со најголемата и најкомплексна база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија. Содржи податоци за околу 1.350.000 физички лица и 105.000 правни лица. Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Една од услугите кои ги нуди МКБ е услугата “Сопствен извештај“ кој на корисниците им нуди на располагање извештаи со податоци за нивните финансиски обврски. Сопствен извештај може да побара секое физичко лице лично за себе, неограничен број пати и на тој начин да се информира за неговите лични обврски и нивно полесно менаџирање. Истиот може да го преземе во канцелариите на кредитното биро на адреса бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки) на V кат и онлајн со регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

Друга корисна услуга на МКБ, наменета за физичките лица е АСИС (Алармен систем за известување на субјекти). АСИС е нова иновативна онлајн услуга на МКБ, која им овозможува на субјектите да примаат пораки по пат на електронска пошта за состојбата и промените на нивните обрски во нивното лично портфолио (досие).

Промотивно во текот на месец мај, претплатете се на АСИС на 3, 6 или 12 месеци за да бидете редовно информирани за сите промени во Вашето должничко портфолио (досие) и добијте гратис Сопствен извештај.

Повеќе информации на контакт телефонот +389 (0)2 3251-291 или нa веб страната www.mkb.mk.

 

комерцијален текст

new nike air max 2019