„Македонско девојче“ ечеше во Минхен: Шпански оркестар со изведба каква што немате слушнато (ВИДЕО)

Македонската песна „Македонско девојче“ како еден од најпрепознатливиот симбол за нашата земја, ечеше среде Минхен.

Оркестарот „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ во април направија промоција на нивниот најнов албум насловен како „Avo Kanto“ низ цела Германија.

Изненадувачи е што овој бенд за време на нивниот настап во Минхен, ја извеле најпозната македонска песна „Македонско девојче“.

Според видеото кое ќе имате можност да го видите подолу може да забележите како публиката реагира на оваа песна.

Оркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ од Шпанија, Матиа Широса од Италија, Иван Ковачевиќ од Србија, Џулиен Чанал од Франција, Стелиос Тогиас од Грција и Сандра Санаџио од Шпанија, изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.