Македонските војници со кучиња почнаа потрага низ урнатините во Турција

Тимот на Армијата на Република Македонија составен од 24 војници и две кучиња пристигна во Турција каде што почна со потрагата низ урнатините.

АРМ соопшти дека војниците на терен ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на Турција.