Македонските угостители пробуваат преку ноќ да се збогатат од фанови- Навивачите на Манчестер се гневни

Голем број навивачи на "црвените ѓаволи" се гневни од угостителите во Скопје, кои направија вистинска "кражба", пишува британскиот весник "Мирор". Фановите на Манчестер (Ј) се незадоволни од покачувањето на цените на хотелите и апартманите во главниот град на Македонија, кои надминуваат и до 1.000 евра по ноќевање.

Веќе неколку дена голем број странски медиуми пишуваат за енормно високите цени за ноќевање во хотелите и хостелите во Скопје за време на одржувањето на фудбалскиот Суперкуп на Европа, меѓу премиерлигашот Манчестер Јунајтед и шпанскиот Реал Мадрид, што ќе се одржи на осми август.

Македонските угостители пробуваат преку ноќ да се збогатат од англиските и шпанските фанови.

Поради тоа, голем број навивачи на "црвените ѓаволи" се гневни од угостителите во Скопје, кои направија вистинска "кражба", пишува британскиот весник "Мирор". Фановите на Манчестер (Ј) се незадоволни од покачувањето на цените на хотелите и апартманите во главниот град на Македонија, кои надминуваат и до 1.000 евра по ноќевање.

Голем број угостителски објекти од овој тип, претходно неоправдано ги откажуваа резервациите за сместување, кои биле уредно направени од страна на странските навивачи (пред се англиските) со само една цел, да останат собите слободни и да бидат потоа понудени со далеку повисока цена.
Како што откриваат од здружението на Манчестер Јунајтед во Македонија голем број навивачи од Англија останаа без сместување, откако им беше откажано од страна на самите хотели или приватните изнајмувачи. Исто така, од здружението информираат дека голем број англиски фанови со кои се во контакт, веќе разгледуваат други решенија, а некои дури резервирале соби во Софија, Белград и Солун, а во Скопје ќе дојдат само за натпреварот. Доколку овој проблем набрзо не биде решен, постои голема можност нашиот главен град за време на големиот фудбалски спектакл да остане празен.

Како што претходно беше најавено, фудбалските фанови од Македонија покажаа љубезност и им понудија сместување во нивните домови, наместо во скапите хотелски соби и апартмани.
Контроверзните покачувања, исто така, одат на штета на фановите на Реал Мадрид, кои претходно резервирале соби во Скопје.

Владата на Република Македонија најави дека побарала од сопствениците на локалите, рестораните и хотелите во Скопје да бидат разумни и да поставуваат фер цени.
Од страна на двете екипи се очекуваат најмалку 10.000 фанови во Скопје, а најавени се драстични казни за сите оние, кои ќе прават препродажба на своите билети.

Националната арена "Филип Втори" ќе ги пречека Манчестер Јунајтед, кој е освојувач на Лигата на Европа, како и актуелниот европски шампион, екипата на Реал Мадрид. Ова воедно ќе биде и битка меѓу двата предводници, менаџерот на "ѓаволите", Португалецот Жозе Мурињо, и тренерот на "кралевите#, Французинот Зинедин Зидан. Воедно, ова се и најскапите два клуба во светот.