Родителите со поделени ставови за идејата за сексуално образование во училиштата, но сепак повеќето се против!
Ова следи откако минатата недела 15 релевантни стручни здруженија и граѓански организации, потписнички на Декларацијата „Со сексуално образование до поздрава и побезбедна младина“ побараа од Владата и од Министерството за образование и наука (МОН) да осигурат дека секое дете во државата ќе може да го ужива своето право на сеопфатно сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини за заштита на своето здравје, благосостојба и достоинство.
Социолози, психолози, лекари, покрај невладиниот сектор, се дел од групата која се залага за ваквата новина.
Ќе дозволите ли вие вашето дете да го учи овој предмет во рамки на образованието?
-Трудни на 15, абортуси од 14, ХПВ се шири ко шумски пожар ама сексуално образование е ѓаолова работа. Дајте со мисла, кандило или каиш да ги одвраќаме од секс и задолжителна веронаука да се дозатуцаме у тинејџерско многудетсво. Ја би Декларацијата да се усвои и да уреди примена на задолжително наместо изборно ССО, вели активистката Јана Куновска.
-Апсолутно НЕ. Интенцијата е под ССО да почне да се наметнува трансродовата идеологија популарна на западот и сите придружни изопачености, спротивни на здравите семејни основи, вели една мајка.
-Во училиштата се потребни психолог,педагог и социјален работник, кои заедно со наставниците ќе вршат воспитна дејност, а не само образовна, бидејќи домашноото воспитание е на нула ,а вистинските вредности се занемарени.. Невладиниот сектор може да организира свои НЕВЛАДИНИ проекти надвор од учлштата и ако имаат заинтересирани нека тераат. Мешање во образовната политика во државните училишта ниту имаат право ниту негде во светот им е дозволено. Топлата вода одамна е измислена значи нема што да измислуваат. И најважно доста бре не омаловажуваат како тие многу шетани, па ете треба и нас останатите да не обучат. Сум ги прочитала такаречи поголемиот број училишни курикулуми и не сретнав сексуално образование во такаречи ниеден образован систем, споделува една скопјанка.
-Зависи на која возраст, кога веќе ги пуштаат децата пред Силбо во ниедно време несоодветно облечени, можат и да учат што ако им се случи таков чин, кои се последиците, гласи коментар на друг граѓанин.
-Дете од 3 одделение нема потреба од таква информација, ама дете од 9 одделение има потреба ако веќе не научило, а како дошло времето тие ке не едуцираат нас не ние нив.
-Изучувањето на предметот Биологија во училиштата е сосема доволно сексуално образование. Зар има подобро знаење од тоа да си ја познаваш сопствената анатомија и физиологија. И секако анатомијата и физиологијат на другите организми. И тоа е сосема доволно. Основното што треба децата да сфатат е репродуктивната функција на репродуктивните органи и толку. Ако има поинаков вид сексуално образование тогаш зошто се укинати образовните предмети Етика и Морал. Зошто децата би се образовале сексуално, а на за етика и морал, прашува еден родител.