Македонските ракометарки од денеска во Турција на два контролни натпревара

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска патува за Анкара каде оваа недела ќе одигра два пријателски натпревара против Турција.

Како што соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ), натпреварите се предвидени за утре, со почеток во 17 часот, и в сабота во истиот термин.

Двата контролни натпревара против Турција селекторот на македонската репрезентација Љубомир Савевски ќе ги искористи да го подготви тимот за претстојниот бараж за пласман на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи ви Данска, Шведска и Норвешка.

Противник на македонските ракометарки во баражот ќе биде Украина.

Македонскиот состав ќе биде домаќин на првиот натпревар на 7 /8 април, додека реваншот е на 11/12 април.