Македонските ракометари со пораз го завршија настапот на ЕХФ шампионатот

Македонската младинска машка ракометна репрезентација загуби попладнево убедливо од Швајцарија со 31-14 во рамки на четвртиот и последен натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Варна.

Победникот го навести веќе првото полувреме по кое Швајцарците обезбедија предност од 12-6, а играта на македонскиот состав целосно се распадна во продолжението и на крајот противникот славеше победа со високи 17 голови разлика.

Македонските ракометни младинци настапот на ЕХФ шампионатот во бугарскиот град Варна го завршија претпоследни во групата Б2 со една победа, едно реми и два порази.