Македонските политичари открија каде ќе летуваат и колку пари трошат на одмор

Албанија и Грција се двете земји каде најголем дел од политичарите од нашата земја ќе одат на одмор, јавуваТВ21. Велат дека за една недела просечно заедно со семејството ќе потрошат  до 500 евра.

Мухамед Зекири не откри колку троши за одмор, а лани бил во Египет.

Влатко Ѓорчев, се уште не одлучил каде ќе отпатува оваа лето, додека Реџаил Исмаили најмногу троши на одмор.

- „Ќе одиме на одмор со семејството, приватно сместување, како и секоја година треба да биде околу 500-600 евра, бидејќи тоа е една недела, не многу, од целиот аранжман”, рече Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Османи за одморот ќе оди во Албанија.

- „Не знам, зависи, обично сопругата ги прави математиките, не знам можеби помеѓу 300 и 400 евра”, рече Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ. Минатата година бил во Египет и вели дека потрошил, според него, во рамките на нормалата, но Мухамед Зекири не откри колку пари троши на одмори.