Македонските олимпијци пристигнаа во Рио (ФОТО)

14-члената македонска експедиција пристигна во Рио каде в петок со церемонијата на свеченото отворање ќе започне Летната Олимпијада.

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.