Македонските кик боксери со 19 медали се враќаат од Сараево

Успешен настап со 19 освоени медали имаа македонските натпреварувачи на седмиот меѓународниот куп „Сараево Опен“ што викендот се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина.

Од вкупно освоените 19 медали, осум се златни, шест сребрени и пет бронзени.

Македонскиот тим беше прогласен за најдобар на овој куп, додека Викторија Варадинова е избрана за најдобра кадетка . Таа настапи во две дисциплини кик лајт и лоу кик и во двете освои злато. Варадинова е член на КБК „Гладијатор“ од Штип.

Дисциплина лоу  кик:

златни медали: Слаѓан Димиќ -67кг јуниор; Викторија Варадинова -67кг постар кадет.
сребрен медали: Александар Димовски +91кг сениор.
бронзен медали: Елмаз Ракипи -71кг сениор.

Дисциплина кик лајт:

златни медали: Јован Ѓошев -20кг деца; Викторија Варадинова -65кг постар кадет; Филип Ризов -57 кг јуниор; Стефан Сандев -69кг јуниор; Димитар Ѓорѓиев -79кг сениор; Столе Јордановски +94кг  сениор.
сребрени медали: Блаже Главев -20кг деца; Славче Арсов  -71кг јуниор; Филип  Наковски -84кг сениор; Милан Кубин -91кг сениор; Стефани Тодорова -60кг сениор.
бронзени медали: ЈованаАрсова -50кгпостар кадет; Мимоза Стаменковска -60кг  сениор; Ненад Манојловски -69кг сениор; Елмаз Ракипи -71кг сениор.

На „Сараево Опен“ учество земаа 189 кик боксери од четири земји и повеќе од 54 клубови. Македонската експедиција броеше 18 натпреварувачи.