Македонските градежници се помалку работат во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 306 602 илјади денари, што е за 19.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 557 662 илјади денари, што е за 37.2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија.