Македонските газди бараат млада, амбициозна личност, но со 20 години искуство!

Ти економист си? Оууу, економисти со лопата да ги ринеш. Правник си? Правници со лопата да ги ринеш… Многу познати реченици во последно време, а особено изговорени од “македонските газди”...

А ти си завршил државен факултет, си учел се на време да исчистиш, си се жртвувал, многу ноќи не преспиени, многу пари дадени, а тој т.н. газда дошол до некој денар, отворил фирма и едвај завршил, односно ја купил факултетската диплома на некој од приватните факултети... Но, ете со твојата диплома има со лопата да ги ринеш...

Објавуваат оглас. Бараат млада, амбициозна личност, но со 20 години работно искуство... Млада личност, но која зад себе има семејство и не е во план повеќе да раѓа... Искуство, но плата 12.000 денари или пак пробна работа три месеци, па ако се покажеш добро, ќе те вработат, и ако ти е искуството, пак ќе работиш како почетник...

-Завршив економиски факултет. Работа ни за лек. Работиш кратко на едно, па на друго, па на трето место, но никаде сериозно. Започнав првин со работа во една приватна фирма, без искуство. Одев три месеци пробно, и да нагласам без пари. Секој ден добивав по рака удирање, браво, брзо напредуваш, одлична си, и тоа се до моментот, кога поминаа три месеци. Ме повикаа во канцеларија и ми кажаа дека нашата соработка тука завршува, за жал не се задоволни. Иако им ги вршев поголемиот дел од обрските. Иако бев се друго, покрак економист... На мое место доведоа друга жена, но истото ја снајде и неа, после три месеци. Останав дома. Аплицирав дневно на повеќе од 10 огласи. После неколку месеци ми се јавија исто од друга приватна фирма, за работна позицција економист. Бев на некое тестирање, и за среќа ја добив работата. Иста приказна. Неплатени пробни денови... Немаш избор. Прифаќаш. Поминаа и тие денови. Одев еден чекор понапред. Ме пријавија. Еден месец имаш плата, два не. Еден месец имаш здравствено осигурување, два не... Принуден си, сам да оставиш. Не се откажав. Не смеев. Тазе влезена во брак. Само сопругот работи. Продолжи моето аплицирање, секој ден. Ми се јавија од една фирма за компјутери, ме повикаа на разговор. Разговор и интервју, како да работиш кој знае каде, и за колку голема плата. Интервју едно, па друго, па тестирање, па разговори... И последен ден, последно интервју, доаѓа шефот и ми вели: “Мими, се е во ред, ги помина тестирањата, имаш искуство, но ние бараме личност, која што ќе ни биде тука цело време. Ти си тазе во брак. Ги знаеме обврските со семејството и родителството”. За чудо, не се изненадив многу. Знам, такво ни е општеството. Почувствував на свој грб... Си заминав дома. За околу два месеца ми вртат, да одам да почнам со работа. Бев горда само со себе, егото не ми дозволуваше, но работа ми треба. Ајде, прифатив. Битни ми беа само парите во тој момент, па и не се многу интересирав за правата и обврските. Се чудев зошто постојано одам втора смена, кога после втората недела сфатив дека воопшто не сум пријавена, па сите генерално сме на штрек и се пазиме од инспекции. Ако те затекне инспекција, преправај се дека си клиент. Тоа беа насоките на газдите...

Конечно, дојде ред да се земе плата. Цели 12.000 денари. Како низ магла се потсетувам дека разговараме за почетна плата од 250 евра, ама еве ги, 200 евра исплатени на рака со широка насмевка на ликот и зборовите упатени на мојата адреса: Со здравје да си ги трошиш, вредно се покажа, па бевме дарежливи.

Се прашувам, колку ќе беше платата да не беа дарежливо расположени?

latest Running Sneakers | Nike Dbreak-Type Erkek Siyah Spor Ayakkabı Erkek Spor Ayakkabı & Sneaker 4128586 , Ufrr