Македонските фудбалски клубови и естрадата изразуваат сочувство на семејствата на загинатите

По вчерашната трагедија, во која загинаа 15 патници, откако се преврте автобусот на автопатот Скопје-Тетово, на социјалните мрежи постојано се споделуваат пораки со сочувство за настраданите во несреќата.

Македонските фудбалски клубови, како никогаш досега, обединети во тагата по големата сообраќајна несреќа која вчера се случи во Македонија, на автопатот Скопје – Тетово, а во која животот го загубија 14 лица.

Вардар, Шкендија, Гостивар, Тетекс жалат за трагедијата.

Воедно и познатите личности жалат и го изразуваат своето сочувство. И тие ги сменија своите  профилни слики. Пејачката Каролина Гочева го одложи концерот од 15 февруари.

Таа ја напиша и својата порака. „Вечерва сме сите во мислите со семејствата на настраданите и повредените во денешната трагедија. Многу тажен ден за Македонија… Примете искрено сочувство“, напиша вчера Гочева. Викторија Лоба, Елена Ристеска, Слаткар, Игор Џамбазов и многу други јавни личности со сочувство на „Фејсбук“ и со црна профилна фотографија.