Македонскиот заедници од светот повикуваат на протест пред седиштето на ЕУ

Македонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот ќе се одржи на 27 февруари 2018 година со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Македонците во светот бараат:

(1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

Во своето барање тие отфрлаат референдум и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Порачуваа дека македонските политичари немаат право да одлучуваат дали ќе има, или нема да има референдум за името!