Македонскиот уметник Ѓоко Ризов дел од музичка изложба во Њујорк и со сопствен уметнички перформанс во Амстердам

На 31. aвгуст во Њујорк македонскиот сликар Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction  Have Voices” каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк, изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и единаесет други уметници од девет различни земји.  Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт во Њујорк емитуван во живо преку он лине стриминг отворен за сите музички и уметнички љубители. По завршувањето на настанот истиот во форма на видео запис е пратен до повеќе галерии и куратори во САД.

Маргин Александер вели дека во уметничките дела на Ризов открил еден сосема нов свет и дека неговата уметност е нешто што не го видел претходно. Инспириран од уметноста на Ѓоко Ризов, Маргин Александер компонира оригинално музичко дело. 

Претходно на 21. август, Ѓоко Ризов имаше свој уметнички перформанс под наслов „Reflections and Frames“ во галеријата „Sound Light Color“ во Амстердам. Во овој перформанс учествуваше и Александра Црвенковски од Виена. Уметничкиот перформанс ги истражува човековите свесни и несвесни тенденции на „користење маски“ и во исто време категоризирање на се што се случува и постои околу нас. Прашувајќи се кое е нашето „вистинско лице„ и колку често лицето во огледалото е во спротивност со сликата што му ја прикажуваме на светот, Ѓоко Ризов во својот перформанс преку портрети, огледала и лица, го поставува прашувањето: како изгледа среќата, заљубеноста, осаменоста, депресјата или аксиозноста на човековото лице, и дали и колку сме спремни да се спознаеме себеси и другите.

Уметничкиот перформанс во интерактивна форма, наиде на огромно воодушевување кај публиката во Амстердам, а посетителите земаа и активно учество во истиот.

Ѓоко Ризов речиси половина година живее и твори во Амстердам, Холандија каде претходно во 2017 година на Холандската публика и се представи со самостојна изложба.