Македонскиот репрезентативец стана татко

Капитенот на фудбалскиот клуб Работнички, Душко Трајчевски стана татко за прв пат.

Среќната вест македонскиот репрезентативец ја сподели на социјалните мрежи.

-Станав татко на преубаво девојче, Господ не благослови. Ти благодарам љубов моја Наташа, напиша Трајчевски на Фејсбук.

Дуле и Наташа стапија во брак минатата година.