Македонскиот почесен конзул во Шпанија уапсен за убиство

Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка. Како што јавува весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на „Јуроп прес“, македонскиот почесен конзул е уапсен во Јужна Африка во рамки на истрага за убиство на неговите тригодишни близнаци чии тела ги пронашла нивната мајка.

Засега не се знае кои се причините и околностите за смртта на децата.