Македонскиот пасош на 36. место, без виза може да се патува само во 77 земји во светот

Пасошот на Република Македонија се наоѓа на 36-то место на листата на passportindex.org. на која се рангирани 199 пасоши.  Со македонски пасош може да се патува во 77 земји без да ви е потребна виза, а во 41 земја виза ќе добиете по влегувањето. Виза за патување на граѓаните на Република Македонија им е потребна за дури 80 држави во светот.

Најмоќниот меѓу пасошите во светот го имаат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и со него може да се патува без виза во дури 113 земји. Ако го поседувате овој пасош за патување ќе ви треба виза само во 31 земја во светот.

Според Passport Index второто место го делат Сингапур и Германија со тоа што сингапурскиот пасош овозможува да се патува во една земја повеќе без виза во однос на германскиот пасош.

На третото место пак следат Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Јужна Кореја и САД.

Најдобро рангиран пасош од земјите на Балканот е словенечкиот, кој се најде на седмото место и хрватскиот на 11 место. Од соседните земји на оваа листа македонскиот пасош е повисоко рангиран од пасошите на Црна Гора (37. место), Босна и Херцеговина (40. место), Албанија (42. место) и Косово (81. место).