Македонскиот пасош далеку послаб од оној на балканските земји-членки на ЕУ

Македонскиот пасош е рангиран на 43. на списокот нa Henley Passport Index и со него може да се патува во 125 држави во светот.

Најмоќен пасош на светот е јапонскиот со кој може да се патува во 190 земји во светот, а зад него се оној на Сингапур, Франција, Германија и Јужна Кореја.

Грчкиот пасош е на 7 место и најдобро рангиран во регионот, пред словенечкиот, хрватскиот и бугарскиот кои се на 8. 10. – односно 18. место.