Македонскиот народен театар соопшти дека согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура на РСМ, Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски.
„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“ стои во известувањето на МНТ.