Македонскиот јутубер Стефонатор отворено за борбата со ракот на тестисите: Време е да зборуваме!

Во отворена исповед преку неговиот јутјуб-канал, познатиот македонски јутјубер Стефан Рашковиќ – Стефонатор откри дека во последните неколку месеци ја води најтешката борба. Во јули, на 23-годишна возраст, дознал дека има тумор во тестисите и дека ќе му биде потребна операција и долг процес на заздравување.

Зборува и како едвај станал по првата направена операција, колку била тешка хемотерапијата која траела со месеци, но и дека поради тоа што зафатот бил неуспешен, пред него е уште една операција.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Steffonator (@steffrasho)

Вели „Време е да зборуваме“, па покрај зборовите за поддршка и кураж, доби и доста пофалби од јавноста што собра храброст да отворено да зборува за машкото здравје и потребата од редовни прегледи, имајќи предвид дека го следат доста помлади следбеници.

Не се сеќавам дали некогаш имам шерувано јутубер… Стримери да, јутубери… не. Ова е првиот што го ставам. Стефан, популарен јутубер, на своите ситни 20 години одлучи да зборува за работа за која 99% од луѓето се кријат и срамат.
Впрочем сваќам дека и сега не шерувам јутубер,… сега шерувам инфлуенсер, во вистинска смисла на зборот, човек кој влијае! И не било што, туку се раскости за да даде порака. Не за кликови, не за шерови, за ум. За тие што го гледаат.
Стефан, човеку,…, вели актерот Гораст Цветковски.