Македонскиот филм „МИМИ“ ќе го отвори европскиот филмски фестивал „Синедејс“

На 7 јули започнува 21. Издание на европскиот филмски фестивал „Синедејс“, а истиот ќе биде отворен со премиерата македонскиот долгометражен филм „Мими“.

Филмот „Мими“ е во режија на Даријан Пејовски, кој исто така е и автор на сценаријото. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора. Направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

„Синедејс“ ќе се одржи на кровот на ГТЦ и ќе трае од 7-14 јули. Организаторите најавуватаат голем број изненадувања и многу интересна програма.