Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во официјална конкуренција на „Санденс 2019“ кој на крајот на јануари ќе се одржи во Јута, САД.
Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продуцент на филмот е Атанас Георгиев, а негова е и монтажата.
„Санденс“ е еден од најпрестижните филмски фестивали во светот и е на рамниште на Берлински фестивал, „Кан“, „Бафта“, „Глобус“ и фестивалот во Венеција.
Филмот обработува тема за животот не една жена која живее сама со мајка и во централна Македонија, во сосема примитивни услови и произведува мед од диви пчели…Таа е последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која сака да ги спаси пчелите и природниот баланс на планетава.