
Академијата за филмска уметност и наука ја објави целосната листа на филмови кои се квалификуваат за Оскар 2026 во трите главни категории – документарен филм, меѓународен филм и анимиран филм. Од повеќе од 300 наслови кои ја исполнуваат основната процедура, внимание привлече и македонското остварување „The Tale of Silyan“ односно „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, поднесена од Македонија токму во категоријата за меѓународен филм.
Според објавените информации, конкуренцијата е исклучително силна: 86 државни кандидатури се дел од трката за меѓународен Оскар.
Помеѓу нив се високо пофалените национални претставници на Норвешка, Бразил, Јужна Кореја, Шпанија и Франција – потсетувајќи дека конкурираат и филмови кои веќе освоија престижни европски награди, како „It Was Just an Accident“, носител на Златна палма во Кан.
Во документарната категорија годинава се квалификуваа 201 филм, речиси рекордна бројка по пандемиската 2020/21, што ја прави оваа трка една од најкомплексните во последните години.
Меѓу оиве дела се најдоа и оние кои што се поддржани од големи студија и платформски гиганти, како Netflix, Apple и HBO.