Македонскиот борач Бесир Алили стана европски шампион

Македонскиот борач Бесир Алили успеа да го освои европското злато на кадетското ЕП во Италија. Тој денеска во финалната борба во категоријата до 48 килограми славеше над Ерменецот Хованинисјан со 7:6 и успеа да обезбеди европско злато.

На патот до финалето Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.