Македонски синдром: Закажуваат термин, па не се појавуваат на преглед

Анализите покажуваат дека голем е бројот на пациенти кои не се појавиле на закажаниот термин и претходно не го откажале, а дел од нив не се појавиле дури 14, 15 и 17 пати.

Според надлежните, неоткажувањето на термините сериозно го оптоварува здравствениот систем.

Секогаш кога некој има закажано термин, а не се појави на преглед, му го зема времето и местото на некој на кој му е неопходен тој преглед, а кој не можел да го реализира брзо затоа што некој закажал, а не дошол.

Според анализата најмногу пациенти не се појавиле на закажан термин на: Институт за трансфузиона медицина, Клиника за кардиологија (специјалност-кардиологија), Клиничка болница Тетово (специјалност-интерна медицина) на Клиниката за гинекологија и акушерство по специјалноста гинекологија и акушерство.