Јавна Соба продолжува со серијата на македонски шлагери, која започна на 23ти февруари, а ќе продолжи секој петок.

Ве очекуваме на концерт каде ќе се изведуваат некои од најубавите македонски поп хитови во периодот од времето на Шпато до денес, кои ќе ви овозможат едно пријатно патување низ времето, сеќавањата и ќе ве потсетат на различните трендови на култура низ декадите. 

Ретро Рингтонс е состав од младата генерација музичари од земјава, кои со сигурност ќе додадат и капка од современиот пристап кон музичката уметност на денешницата.