Македонски државјанин фатен со половина грам марихуана на косовската граница

Косовската полиција на граничниот премин Блаце, кај Генерал Јанковиќ, уапси државјанин на Република Северна Македонија, откако при контрола на неговото возило е откриена марихуана, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, во возилото на македонскиот државјанин се пронајдени 0,51 грама марихуана и едно пакување хартии „ризла“.

По интервјуирањето, по налог на надлежен обвинител лицето е пуштено на слобода, а предметот е испратен во редовна судска процедура.