Македонски доктор кој работи во Германија ја прими вакцината на „Фајзер“ - го пренесува своето искуство

Горан Трајковски е од Македонија, но во моментов живее и работи во Германија, како лекар интернист. Тој на својот Инстаграм профил постојано објавува слики или видеа од неговиот секојдневен живот, каде има голем број на следбеници. 

Последното негово објавено видео е дека ја прима вакцината за Ковид 19, каде и го споделува своето искуство.

„Денес ја добив првата доза од вакцината на BioNtech/Pfizer за SARS-COV2 вирусот. Се работи за mRNA вакцина.

Добив многу прашања од вас за приказните кои кружат околу вакцината и мое мислење за тоа.

Сериозни краткорочни несакани ефекти специфични за вакцинава досега не видовме, за долгорочни сè уште е рано да се каже. Иако е ова прва mRNA вакцина која се користи кај човекот, технологијата/истражувањето зад вакцината е скоро 6 децении старо.

Според мене изборот е следниот: или ќе ги пробам шансите со тоа што ми го нуди модерната медицина или пак ќе си ги пробам шансите со Ковид-19. А од тоа што го видов во последнава година работа на ковид-интензивниот оддел (не само кај постари туку и кај млади особи) пре би го земал ризикот кој го носи вакцината...

Се надевам на добар исход.

После една недела се очекува околу 52% заштита. 1 недела после втората доза 95% заштита.“

 

ими вакцината за Ковид 19, а воедно и го опишува своето искуство.