
Македонската тениска репрезентација денеска го игра клучниот дуел против репрезентацијата на Молдавија. По воведната победа против Малта и поразот од Црна Гора, овој натпревар против Молдавците е од голема важност.
Во составот ќе биде и нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски, кој иако е повреден веројатно ќе стисне заби за да се израдуваме сите на победата.
Натпреварот се игра во 10:30 часот во Градски парк.
Да им бидеме ветер во грб на нашите млади тенисери на патот за пласман во Втората светска зона и да се надеваме на подобри денови за македонскиот тенис.