Македонската репрезентација доби нова фудбалска топка (фото)

Македонската репрезентација до 21 година ќе игра на Европското првенство (ЕП) кое летово ќе се одржи во Полска, а ФФМ ја презентира топката со која нашите фудбалски надежи ќе се натпреваруваат во Гдиња и Бигошч.

Фудбалската топка е во изработка на познатата германска компанија „Адидас“ и изгледа навистина одлично. На неа доминира белата боја, а присутни се црвени нијанси. 

Топката го носи името „Красава“, а покрај на ЕП за фудбалери до 21 година, истата ќе се користи и на Купот на Конфедерациите во Русија. Надежите ќе играат во група заедно со селекциите на Шпанија, Португалија и Србија.