Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство

Вчера вечер, во СЦ „Борис Трајковски“ македонската ракометна репрезентација го доби реванш-натпреварот со селекцијата на Чешка со што избори настап на Светското првенство в година во Франција. Нашите репрезентативци со победата од 34:27 успејаа да ја анулираат негативата од 6 гола од претходниот меч во Злин, со што изборија уште еден настап на големите натпреварувања. Со ова продолжува континуитетот на учество на големи спортски натпреварувања на нашата ракометна репрезентација, во конкретниот случај Светско првенство.

Бараж-натпреварот во Скопје го следеа повеќе од 6 000 љубители на ракометот и им ја пружија преку-потребната поддршка за остварување на ваков спортски подвиг. Поголем дел од работата нашите ракометари завршија уште во првото полувреме кога водеа со осум гола, односно 19:11. Меѓутоа, Чесите не се предаваа и константно притискаа до крајот на натпреварот. Најефикасен во нашите редови беше Дејан Манасков со 11 постигнати гола, додека капитенот Лазаров постигна 8.

Репрезентацијата ќе бара подмладок, со оглед на тоа што овој натпревар беше последен за клучните играчи од репрезентацијата кои се повлекуваат, Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски. 

new nike air max 2019