Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка

Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Против репрезентацијата на Норвешка досега „црвено-жолтите“ имаат одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година средбата заврши нерешено без голови (0:0) во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвежаните победија со 2:1.

Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло, домаќините победија со 2:0.

На октомвриската ФИФА рејтинг листа, Македонија е на 85. место, додека Норвешка е рангирана на 58. позиција.