Македонската филхармонија ќе донира за помош за малата Валерија

Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за помош на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип.

Како што велат, приходот од продадените билети за Симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија која боледува од тумор на мозокот.

Фондот за здравствено осигурување вчера со соопштение истакна дека утврдиле оти Валерија не располага со конзилијарно мислење од соодветна здравствена установа, поради што, како што соопштија, девојчето прво ќе треба да обезбеди наод и стручно мислење, па дури потоа лекување во странство.